СОЧУВСТВО ДО СЕМEЈСТВОТО НА ПРЕРАНО ЗГАСНАТИОТ МЛАД ЖИВОТ: 28 ГОДИШНАТА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА МИРЛИНДА АЗИЗИ ПОЧИНА ПО КОМПЛИКАЦИИ ОД КОВИД 19

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ изразува длабоко жалење и сочувство до семејството на прерано згаснатиот живот на нашата колешка, дипломираната медицинска сестра Мирлинда Азизи.
 
Уште една медицинска сестра ја изгуби битката во борбата против ковид пандемијата!

Во текот на вчерашниот ден по компликации предизвикани од вирусот почина младата сестра од Кичево. На само 28 години, дипломираната медицинска сестра по заразувањето на работното место не успеа да го дочека признавањето на високата школа.

Во текот на денешниот ден беше организиран и нејзиниот погреб.


 

Трагичниот настан остава длабока трага во сите нас, особено во нашата сестринска фела потсетувајќи не на сите ризици со кои се соочуваме секојдневно одговарајќи на нашите работни задачи.
 
Почивај во мир драг Ангелу!



 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
12.4.2024
Почитувани вчера се одржа првиот симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „Нови перспективи во офталмологијата“. Настанот се одржа во Скопје, хотел „Континентал“ во присуство на голем број медицински сестри и техничари, соработници и добронамерници.
Види детали

Тагови

Архива на вести