58 ГОДИНИ ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: ПОЧИТ КОН МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ЗА НИВНАТА УЛОГА ВО СПАСУВАЊЕТО НА ПОВРЕДЕНИТЕ

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ оддава огромна почит кон медицинските сестри за нивната улога во спасувањето на повредените и поттикнувајќи надеж за живот по катастрофалниот земјотрес.
 
Оваа година Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.