БЕЗБЕДНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, БЕЗБЕДНИ ПАЦИЕНТИ

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ се придружува кон одбележувањето на 17 септември – Светскиот ден посветен на безбедноста на пациентите. Оваа година Светската здравствена организација акцентот го става и на безбедноста на здравствените работници, под мотото „Безбедни здравствени работници, безбедни пациенти“.

Здравствените работници се во првите борбени редови во справувањето со вирусот Ковид-19, како еден од најголемите здравствени предизвици со кои се соочува светот.

„Заштитата и безбедноста на персоналот е врвен приоритет на Министерството за здравство имајќи предвид дека со заштитата на здравствените работници се штитат и пациенти кои се во контакт со нив. Сите јавни здравствени установи во државата располагаат со соодветна заштитна опрема за персоналот и средства за дезинфекција, а воедно Министерството располага со доволно резервни количини кои се доставуваат до установите согласно нивните барања и потреби. Дополнително на опремата која ја има Министерството за здравство, добиени се донации во заштитна опрема во големи количини – повеќе од еден милион парчиња заштитна опрема од различен вид“, соопштија од МЗ по повод Светскиот ден посветен на безбедноста на пациентите.

Покрај безбедноста на медицинскиот персонал, потребно е стимулирање и мотивирање на кадарот, како и унапредување на статусот на здравствените работници. Здравството и здравствените работници се клучниот столб во борбата со вирусот Ковид-19, и токму затоа во континуитет апелираме максимално да се почитуваат мерките за заштита.

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ПРИМАРНА ЗАШТИТА
22.3.2024
Почитувани, ве известуваме дека вчера се одржа Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри за примарна заштита на тема: Право време за движење напред: Нови професионални перспективи, во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.
Види детали

Тагови

Архива на вести