ДОНАЦИЈА: КОЗМЕТИЧКИ ПАКЕТИ ЗА ХЕРОИТЕ ОД ЈЗУ ГОБ „8МИ СЕПТЕМВРИ“

По многубројните компании кои се огласија на нашиот повик за помош на медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот ни се приклучи и компанијата ДМ која донираше козметички пакети за ковид центарот во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“.



Веќе 9 години на пазарот во Македонија ДМ дрогерие маркт работи кон исполнување на потрошувачките потреби, но и како општествено одговорна компанија која цени заедницата во која делува.

Имено во нивното работење секое отворање на нова dm дрогерија го збогатуваат со донација упатена кон институции во кои во тој момент истото е најпотребно. На ваков начин досега имаат доделено повеќе од 20 донации кон здруженија и институции кои згрижуваат општествено најранливи категории. Традицијата ја повторија и сега кога на 13ти август ја реотворија својата dm дрогеријата во н.Капиштец.



По повод повторното отворање на дм дрогеријата во н, Kaпиштец, dm дрогерие маркт овој пат упатија подарок пакети за медицинските сестри со производи за дезинфекција, лична хигиена и додатоци во исхрана.

“Медицинските сестри и целиот медицински персонал во овие предизвикувачки моменти се хероите на кои треба да им се заблагодариме. Покрај огромната благодарност за целиот труд кој го вложуваат важно е и да си помогнеме и сите заедно да Внимаваме Едни На Други” - изјавија од компанијата.

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ изразува огромна благодарност и апелира до сите добронамерници да го следат овој хуман гест и да се вклучат во кампањата.


 





Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести