СЗО ГО ПОТВРДИ УЧЕСТВОТО НА НАШАТА ЗЕМЈА ВО ПРОЕКТИТЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ

Од 26ти март 2020та година Република Северна Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот.

Имено, Светската Здравствена Организација го потврди учеството на нашата земја во програмата „Солидарност“, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен треман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19.

Целта на студијата е во рамки на дефинирани протоколи да се следи ефикасноста на 5 тераписки опции со кои ќе се лекуваат пациентите со КОВИД 19.

Се работи за мултицентрична програма во која досега се вклучени земји од сите страни на светот меѓу кои: Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

Министерството за здравство е во постојана коориднација со канцеларијата на СЗО во нашата земја, која согласно утрдени услови и критериуми би требало да обезбеди техничка и експертска поддршка за реализација на студијата.

Дополнително, во рамките на Министерството за здравство започна он-лајн тренинг програма „COVID 19 Response Training“ наменета за здравствените работници. Тренингот е развиен од страна на „Project HOPE“ заедно со „Brown University“ од САД и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштита на здравствените работници, а во моментов нашата земја е меѓу првите земји во Европа во кои започнува програмата.

Со оглед на фактот дека голем дел од здравствените работници во светот се заболени од КОВИД-19, тренингот ќе го следат здравствени работници, со примарна цел да се обучи медицинскиот персонал како пред се да заштити себеси, а со тоа да биде во можност да пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на болеста, контрола на ситуацијата, стабилизација на болните, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој.

На нашиот Клинички Центар, тренингот ќе го следат 20 доктори и 20 медицински сестри, кои стекнатото знаење од експертите од САД и универзитетот ќе го пренесат и на своите колеги, не само во институциите во Скопје, туку и ширум државата, во сите Јавно здравствени установи каде има персонал кој може да дојде во контакт со пациенти позитивни со КОВИД-19.

ПОТСЕТУВАМЕ: коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на случаи со пневмонија од непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на 
СЗО прогласи пандемија на COVID-19.

Вообичаените симптоми и знаци на инфекција се: температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

 






Извори: МКД Медиа

Подготвил:
Даниел Стојмановски
Лице за односи со јавноста и комуникација со медиуми


Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести