ПО ПРАВНО ТОЛКУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИЈАТА Е НЕЗАДОЛЖИТЕЛНА!

Почитувани членови на Унијата на ЗМСТАС, колеги и колешки, по вашите многубројни реакции во Унијата, јавувања, дописи, барања и сл., а поврзани со известувањето за итна регистрација во комора и притисоците со кои се соочувате, Унијата се обрати до реномирана адвокатска канцеларија за правно толкување на овој процес.
Правната поука која ја добивме е дека регистрацијата во комората е НЕЗАДОЛЖИТЕЛНА.
Со други зборови почитувани колеги и колешки, ние сите сега ништо не мораме и крајно неприфатливо е зачленување во субјект со користење на манипулации, уцени и притисоци од секаков вид.
Регистрација за која треба да се изложите на финансиски трошоци за нотарски услуги и административна такса се непотребни затоа што податоците кои се бараат за регистрацијата ги поседува Институтот за јавно здравје, од каде може комората да ги превземе. Регистрирање на лиценци не може да се спроведе, бидејќи ние мед. сестри, акушерки и стоматолошки сестри лиценци немаме.


Затоа ве охрабруваме да не подлегнувате на манипулациите и притисоците, да не се грижите за вашите работни места бидејќи одбивањето да се регистрирате не е задолжителен услов за да продолжите да работите, како што поединци ви кажуваат, ниту пак подлежи на санкции.
Нашите активности насочени за добивање на закон за нашата дејност и правен репрезент на мед. сестри, акушерки и стоматолошките сестри кој ќе ги штити нашите права продолжуваат.
Со почит, Извршен одбор на Унијата на ЗМСТАС

Пребарување

Категории

Актуелно

💙 СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ: СЗДМ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВКЛУЧЕНИ ВО ГРИЖАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС
13.11.2020
Денешниот 14 ноември се одбележува како Светски ден на дијабетесот. По тој повод Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) додели благодарници на сите медицински сестри низ нашата земја кои се вклучени во грижата за пациентите со дијабетес.
Види детали

Тагови

Архива на вести