ПО ПРАВНО ТОЛКУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИЈАТА Е НЕЗАДОЛЖИТЕЛНА!

Почитувани членови на Унијата на ЗМСТАС, колеги и колешки, по вашите многубројни реакции во Унијата, јавувања, дописи, барања и сл., а поврзани со известувањето за итна регистрација во комора и притисоците со кои се соочувате, Унијата се обрати до реномирана адвокатска канцеларија за правно толкување на овој процес.
Правната поука која ја добивме е дека регистрацијата во комората е НЕЗАДОЛЖИТЕЛНА.
Со други зборови почитувани колеги и колешки, ние сите сега ништо не мораме и крајно неприфатливо е зачленување во субјект со користење на манипулации, уцени и притисоци од секаков вид.
Регистрација за која треба да се изложите на финансиски трошоци за нотарски услуги и административна такса се непотребни затоа што податоците кои се бараат за регистрацијата ги поседува Институтот за јавно здравје, од каде може комората да ги превземе. Регистрирање на лиценци не може да се спроведе, бидејќи ние мед. сестри, акушерки и стоматолошки сестри лиценци немаме.


Затоа ве охрабруваме да не подлегнувате на манипулациите и притисоците, да не се грижите за вашите работни места бидејќи одбивањето да се регистрирате не е задолжителен услов за да продолжите да работите, како што поединци ви кажуваат, ниту пак подлежи на санкции.
Нашите активности насочени за добивање на закон за нашата дејност и правен репрезент на мед. сестри, акушерки и стоматолошките сестри кој ќе ги штити нашите права продолжуваат.
Со почит, Извршен одбор на Унијата на ЗМСТАС

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕСКУЛАП“ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА
22.4.2024
Изминатиов викенд, во Златибор, се одржа Меѓународниот конгрес на медицински сестри во организација на Здружението на здравствени работници и соработници „ЕСКУЛАП“ од Република Србија, на тема „Подајте раце да победи животот“.
Види детали

Тагови

Архива на вести